Најлојалните фанови на Викторија Бекам седеа во првиот ред на нејзината ревија во Њујорк.
Дејвид Бекам ја држеше во рацете малата Харпер, додека до нив седеа Ромео, Круз и Бруклин.
Викторија ја претстави колекцијата есен/зима 2014-2015 во рамките на Њујоршката недела на модата, а една од гостинките беше и главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур.
По утринската ревија, големото семејство беше фотографирано и додека се упатуваше на ручек во елитен ресторан.