Дејвид Бекам е ѕвездата од новото издание на „GQ“. 40-годишниот поранешен спортист за првпат сними фотосесија за популарното машко списание.
Модниот фотограф Аласдер Меклелан бил задолжен за фотосесијата со познатиот Британец.


Во интервјуто за списанието, Бекам зборувал за своите деца и страста кон фудбалот. „Физички се разболувам кога треба да ги напуштам децата“ – рекол Бекам и признал дека во слободното време го гледа дизниевиот анимиран филм „Frozen“ со својата ќеркичка Харпер.


„Ми недостига фудбалот секој ден. Не знам дали е тоа атлетот во мене, или страста која ја имам за играта. Секогаш мислам дека можам да се вратам повторно на теренот и да играм. Знаете, можеби би можел да играм уште една година во САД. Ако сè уште живеев во Лос Анџелес, сериозно ќе размислував за да се вратам уште една година. Но, сега ние живееме во Лондон и децата се среќни во училиште“ – изјавил успешниот поранешен фудбалер.






