Со свечена церемонија вечерва беше одбележан крајот на ИФФК „Браќа Манаки“.
На затворањето на 42-рото издание на најстариот филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери беше прикажан филмот „Титаниум“ (Titane) и беа доделени главните награди.
Манифестацијата се одржа во Центарот на културата во Битола. Директорот на фестивалот Симеон Дамевски, битолската градоначалничка Наташа Петровска, директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски, видните гости од жирито и десетици љубители на филмската уметност зачекорија на црвениот тепих пред церемонијата.
Почитувајќи ги протоколите, гостите носеа заштитни маски и седеа на дистанца по влегувањето во салата.