Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Трејлерите на филмовите од официјалната програма на „Браќа Манаки“

ВИДЕО: Трејлерите на филмовите од официјалната програма на „Браќа Манаки“

Утре во Битола ќе започне 33. издание на Интернационалниот Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, кој од година во година станува сè поатрактивен како за филмските професионалци, така и за вљубениците во филмот од целиот свет. Во рамките на Фестивалот, од 15 до 21 септември во градот на конзулите ќе бидат прикажани вкупно 74 извонредни филмски остварувања, од кои дури 28 се македонски.

За првпат во историјата на Фестивалот, свеченото отворање и затворање ќе бидат одбележани со премиери на македонски филмови. На големото отворање на 15 септември премиерно ќе биде прикажан филмот „Трето полувреме“, кој е и македонски кандидат за наградата Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

„Трето полувреме“

Интересот за ова филмско остварување на Дарко Митревски и Клаус Фуксјагер е огромен, а доаѓањето до билет за проекцијата е невозможна мисија.

„Трето полувреме“

Затворањето на „Браќа Манаки“ премиерно ќе донесе на големиот екран уште еден македонски филм – „Балканот не е мртов“ на Дејан Димески и Александар Поповски.

„Балканот не е мртов“

Во главната програма, покрај „Трето полувреме“ и „Балканот не е мртов“, годинава влегуваат уште девет други филма, и тоа:

„Mystery“ (Мистерија)

„This Must Be The Place“ (Ова мора да е тоа место)

„Reality“ (Реалност)

„In Darkness“ (Во мрак)

White Deer Plain (Бел елен поле)

„Bedouin“ (Бедуин)

„Tabu“ (Табу)

„Atomic Age“ (Атомска возраст)

„Living“ (Да се живее)

Петчленото жири на главната програма ќе додели три награди – Златна, Сребрена и Бронзена камера 300.

Vip, официјалниот партнер на Фестивалот, подготви и специјална програма за најмладите посетители. Младата публика ќе има прилика да се забавува со филмовите: „Кунг фу панда 2“, „Мачорот во чизми“, „Принцезата на сонцето“, „Трансформери: Темнината на месечината“ и „Вистинската приказна за мачорот во чизми“.

„За нас во Вип оператор, вистинска привилегија е можноста да бидеме дел од создавањето, од раѓањето на уште едно издание на најреномираниот македонски филмски фестивал. Задоволството е поголемо дотолку повеќе што благодарение на ова партнерство, пред сè на детската програма, изминатите три години бевме дел од поттикнувањето на нова фестивалска публика која треба да ја продолжи традицијата на создавањето на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Ние во Вип остануваме посветени да ја поддржиме оваа уникатна традиција“ – изјави Никола Љушев, генерален извршен директор на Вип.

Ѕвездата на годинешното 33-то издание на Фестивалот е врвната актерка Кетрин Денев. „Браќа Манаки“ и Vip оператор со гордост го најавија гостувањето на препознатливата Денев, која е добитничка на специјалната награда „Златна камера 300“. Француската актерка, чие лице се сврзува со Шанел No.5 и која се смета за муза на дизајнерот Ив Сен Лорен, ќе престојува во нашата држава четири дена.

Кетрин ДеневКетрин Денев

Покрај незаменливата Денев, на Фестивалот ќе бидат присутни и повеќе од 300 македонски и 150 странски гости.

Постер за „Браќа Манаки“

Богатата програма, многубројните гости и големиот интерес кај публиката се гаранција дека на Битола ѝ претстојат возбудливи денови, исполнети со уметност, култура и историја.

Официјално видео на Фестивалот

Комплетната богата програма на Фестивалот можете да ја разгледате тука (PDF):
Програма за „Браќа Манаки“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.