„Браќа Манаки“ привлече видни гости од земјава и од странство. Интернационалниот фестивал на филмска камера беше поддржан и од Фатмир Битиќи.
Вицепремиерот зачекори на црвениот тепих во Градот на конзулите заедно со сопругата Мирлинда.
Парот беше пречекан на церемонијата од претседателот на Фестивалот, Симеон Дамевски.
Искуството во Битола, Битиќи го опиша во кратка порака:
Убаво е чувството да се присуствува на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Еден од најстарите и најреномирани светски фестивали кој секоја година собира дел од светскиот крем на кинематографската уметност.
Фестивал на кој има многу емоции, аплаузи, се доделуваат награди, на кој за првпат се прикажуваат значајни филмски остварувања. Оваа година отворање со проекцијата на македонскиот филм „Сестри“.
„Браќа Манаки“ е инспиративно место не само за филмаџиите кои тука може да го споделуваат своето знаење и искуство, туку и за сите останати љубители на културата.
Битиќи
Денеска, Битиќи и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, извршија увид во активностите за реставрација и адаптација на Офицерскиот дом во Битола.