Кејт Мидлтон, која сега е Кетрин, војвотка од Кембриџ, продолжи да покажува префинетост и едноставна елеганција и со вториот невестински фустан.
За вечерната прослава таа повторно избра креација на Сара Бартон. Минималистичкиот фустан беше изработен од сатен и на половината беше надополнет со дијамантски колан. Кејт го комплетираше изгледот со ангорско бело болеро џемперче.
Според гласините, Кејт имала и трет фустан за ако се случи нешто непредвидено. За среќа, не мораше да го искористи.
Вечерта Кејт ја остави и дијамантската тијара и слободно ја пушти својата коса.
И принцот Вилијам ја остави својата „натрупана“ униформа и се преслече во елегантен смокинг.
Сестрата на Кејт, Пипа Мидлтон, која за свадбената церемонија носеше бел фустан, на вечерната прослава блесна во смарагдно зелена тоалета на Алис Темперли.