Селин Дион го продава луксузниот дом кој го дизајнираше и изгради за себе и за своето семејство во 2010 година.
Лоциран во Џупитер Ајланд, Флорида, грандиозниот имот нуди максимална приватност и сигурност, а чини 72 милиони долари.
Главната резиденција е од околу 930 m2 и вклучува огромна дневна соба, трпезарија, кујна, две детски соби и спектакуларна главна спална соба, како и простории за забава. На имотот има гостинска куќа и три базена од кои едниот е во близина на океанот, а другите два се поврзани и оформуваат забавен аква парк.
Селин и нејзиниот сопруг Рене го продаваат имотот зашто моментално живеат во Лас Вегас, каде познатата пејачка има свое шоу во престижниот хотел Caesars Palace.