Војвотката Кетрин го придружува својот сопруг во Франција. 34-годишната претставничка на британското кралско семејство привлекуваше внимание во два елегантни стајлинзи покрај принцот Вилијам и принцот Хари.
Двете церемонии во Северна Франција се одржаа во чест на стотиците илјади војници кои ги загубија своите животи пред точно 100 години во битката на Сома во Првата светска војна.
Стилскиот избор на Кетрин за денешниот настан вклучуваше елегантен фустан со чипка и црна шапка.


На церемонијата присуствуваа и премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон и претседателот на Франција Франсоа Оланд.








Претходно, војвотката се појави во палто од Missoni, обувки од Stuart Weitzman и чантичка од Mulberry.





