Војвотката Кетрин мамеше воздишки во син фустан на банкет во Кенсингтонската палата, организиран по повод 40-годишнината од постоењето на SportsAid, хуманитарна организација која им помага на млади спортисти.
34-годишната сопруга на принцот Вилијам ја поддржува и соработува со организацијата од 2013 година. На настанот присуствуваа и амбасадори на SportsAid и атлетичари кои ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Елегантниот фустан во кралско сина боја на Кетрин доаѓа од колекцијата ресорт 2016 на францускиот дизајнер Ролан Муре. Својот изглед, војвотката го надополни со сандали од Џанвито Роси и накит од Картие.



Пред вечерата Кертин одржа краток говор. „Некои од вас можеби знаат дека јас сакам спорт. Обожавам да навивам за тимовите и спортистите кои ги сакам. Ги сакам физичкиот предизвик и менталната сила кои ни ги дава спортот. Ми се допаѓа и тоа што многу често спортот ги зближува луѓето да работат како тим. Верувам дека многумина од вас го чувствуваат истото“ – рекла Кетрин.
„Со инвестирање во млади спортски таленти, SportsAid обезбедува силни инспиративни херои во нашата земја. Овие спортисти потоа служат како мотивација за сите во Велика Британија да се вклучат во спортот, да бидат активни и да ја прифатат моќта на спортот која нè прави посреќни и поздрави“ – додала таа.












