Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Војвотката Кетрин елегантна во розово на кралската забава во градината

ФОТО: Војвотката Кетрин елегантна во розово на кралската забава во градината

Кетрин, војвотката од Кембриџ, присуствуваше на кралската забава во градината на Бакингамската палата. На свечениот настан 30-годишната сопруга на принцот Вилијам се појави во друштво на кралицата Елизабета, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвел. Забавата се одржува секоја година, а на неа присуствуваа 8.000 гости.

Кетрин Кетрин и Камила, војвотката од КорнвелКетрин и Камила, војвотката од Корнвел
Кетрин Кетрин

Елегантната Кетрин беше облечена во розов фустан со долги ракави и плисирано здолниште од дизајнерката Емилија Викстед. Истиот тој фустан шармантната Кетрин го носеше и пред две недели на свечен ручек во дворецот во Виндзор, каде присуствуваше со принцот Вилијам.

Кетрин и принцот Вилијам пред две седмициКетрин и принцот Вилијам пред две седмици

Оние кои милуваат да го критикуваат стилот на облекување на Кетрин тогаш добија повод да дадат остри коментари, бидејќи дизајнерскиот фустан чини 2.000 долари.

За кралската забава на која биле послужени 27.000 чаши чај, 20.000 сендвичи и 20.000 парчиња торта, Кетрин го искомбинира нежниот фустан со шапка од Џејн Корбет и нежни обетки со бисери.

Иако Кетрин им кажала на присутните дека имала малку трема пред да се слее во морето од лица, гостите биле воодушевени од нејзиното однесување и искрениот интерес која таа го покажала кон нив.

Кетрин Кралицата Елизабета

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20935 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.