Војвотката Кетрин беше вистинска дама во црвено додека заедно со кралското семејство учествуваше во кралската пловидба низ Темза, како дел од одбележувањето на дијамантскиот јубилеј од владеењето со Велика Британија на Елизабета Втора.


За да го прилагоди на приликата, Кетрин го искомбинира со елегантна црвена шапка и обувки во пудра боја, а го комплетира со долги ракави за поофицијален изглед.

Изгледот на 30-годишната сопруга на принцот Вилијам буквално мамеше погледи и воздишки, а се разбира и позитивни модни критики.
Набрзо по забележителното појавување на Кетрин, многу модни експерти започнаа да „копаат“ наназад за да пронајдат повеќе информации за нејзиниот моден избор и налетаа на фотографии од Ким Кардашијан во истиот црвен фустан.


Веднаш започнаа споредби за изгледот на Кетрин и изгледот на Ким, иако нема основа за таква компарација. Според многумина, споредбата на Ким и Кетрин е смешна и очигледен е победникот од стилската војна.
