Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Војвотката од Кембриџ вистинска дама во фустан од 35 фунти

ФОТО: Војвотката од Кембриџ вистинска дама во фустан од 35 фунти

Пред еден месец британските медиуми наголемо пишуваа за астрономските трошоци на Кетрин за облека, истакнувајќи дека од почетокот на годината војвотката од Кембриџ има потрошено околу 35.000 фунти.

Но, вчера Кетрин уште еднаш покажа дека не ѝ се потребни скапи дизајнерски креации за таа да изгледа како вистинска дама. На спортски настан кој се одржал во „Bacon’s College“, таа се појавила во фустан од брендот Hobbs, кој чинел само 35 фунти. Се разбира, фустанот е распродаден.

Кетрин, принцот Хари и принцот ВилијамКетрин, принцот Хари и принцот Вилијам

Шармантната Кетрин го искомбинирала летниот фустан со беж еспадрили со висока полна потпетица и минимални модни додатоци.

Спортски настан поддржан од кралското семејство

На настанот, кој го означил стартот на програма за потпомагање на надежните спортисти, присуствувале и принцот Вилијам и принцот Хари.

Спортски настан поддржан од кралското семејство Спортски настан поддржан од кралското семејство

Тројцата членови на кралското семејство се вклучиле во спортски активности. Додека Кетрин играла малку фудбал, пинг понг и вежбала џудо, Вилијам се обидел да се докаже на фудбалскиот, а Хари на кошаркарскиот терен.

Спортски настан поддржан од кралското семејство Спортски настан поддржан од кралското семејство

Спортскиот дух владее во Лондон, каде што денес е отворањето на Летните олимписки игри.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20935 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.