Војвотката Кетрин, принцот Вилијам и принцот Хари присуствуваа на настан во лондонската општина Ламбет, организиран по повод Светскиот ден на менталното здравје.
34-годишната принцеза шармираше во розова цветна креација од брендот Kate Spade, која чини 475 евра.
Тројцата членови на британското кралско семејство ќе го посетат Лондонското око, каде ќе се сретнат со млади лица кои се соочуваат со психолошки проблеми, а кои биле доволно храбри да ги споделат своите искуства.
Кетрин, Вилијам и Хари постојано се залагаат за да ја подигнат свеста за менталното здравје и да ја разбијат стигмата околу оваа тема преку кампањата „Heads Together“.
Светскиот ден на менталното здравје секоја година се одбележува на 10 октомври. Овогодишната тема е „Психолошка прва помош“, а ја истакнува важноста на психолошката и менталната прва помош.