Романтични фотографии од Викторија и Дејвид Бекам ги красат двете специјални насловни страници на празничното издание на „Вог“ Париз. На едната корица на француската модна библија 38-годишната фудбалска ѕвезда и 39-годишната дизајнерка гледаат заводливо еден во друг, додека на втората корица позираат прегрнувајќи се.
Фотосесијата е дело на Инез ван Ламсверде и Винуд Матадин.
Емануеле Алт, главната уредничка на списанието, изјавила дека г-ѓа Бекам е спротивност на имиџот кој јавноста ѝ го припишува. „Спонтана и со неверојатно чувство за хумор, таа е скромна, а сепак е предводена од здрава доза амбициозност. Таа е перфекционист, како сите кои со страст ја работат својата работа“ – објаснила таа.
Викторија беше поканета да биде гостин-уредник на изданието декември/јануари 2014. „Работењето со Емануеле Алт и нејзиниот тим беше возбудливо и инспиративно и горда сум на тоа што го создадовме“ – рекла Викторија.