Њујорк деновиве е домаќин на повеќе конференции и состаноци посветени на глобални проблеми и пронаоѓање на адекватни решенија.
Викторија Бекам одржа говор на дводневната конференција „Social Good Summit“, на која беше анализирано влијанието на новите медиуми на социјалните иницијативи за подобрување на светот.
За време на престојот во Њујорк, Бекам беше фотографирана во две деловни изданија.







На „Social Good Summit“ 41-годишната дизајнерка се сретна со кралицата Ранија и не пропушти да покаже дека е одушевена од неа. „Убава, инспиративна мајка, кралицата Ранија од Јордан“ – напиша Бекам на Twitter и сподели фотографија од нивен разговор.








