Викторија Бекам доби кралски орден и стана Член на Редот на Британската Империја (OBE), за нејзиниот придонес во модната индустрија и хуманитарната работа.
Славната дизајнерка беше одликувана од принцот Вилијам на церемонија во Бакингемската палата.







„Ми беше апсолутно задоволство што денес бев во Бакингемската палата. Горда сум што сум Британка... Ако имаш големи соништа и работиш напорно, можеш да постигнеш големи нешта“ – изјавила Викторија по церемонијата, на која беше облечена во сопствени креации.
Нејзиниот сопруг, Дејвид Бекам, го доби истиот орден во 2003 година, за неговите достигнувања во светот на спортот.
