Викторија Бекам со стил на модерна дама и со нова фризура привлекуваше погледи во Лондон.
41-годишната дизајнерка носеше црн фустан со висок шлиц од својата колекција ресорт 2016. Минималистичката црна комбинација, елегантните очила за сонце и освежената фризура со шишки на сопругата на Дејвид Бекам многумина ги потсети на препознатливиот изглед на незаборавната Одри Хепберн.





Бекам забрзано се подготвува за Њујоршката недела на модата. Во Големото јаболко таа на 13 септември ќе ја презентира колекцијата пролет/лето 2016.