Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Викторија Бекам за „Вог“ Австралија

ФОТО: Викторија Бекам за „Вог“ Австралија

Викторија Бекам е дамата од корицата на септемвриското издание на австралискиот „Вог“. 39-годишната дизајнерка за насловната страница позираше во фустан инспириран од сексапилот на долната облека од модната куќа Луј Витон.

Викторија Бекам

Модниот едиторијал, за чиишто потреби Бекам носи креации од Луј Витон и Долче и Габана, како и од сопствената колекција, е дело на фотографот Бу Џорџ.

Викторија Бекам Викторија Бекам

Во интервјуто за списанието, Викторија зборувала за долгогодишната успешна кариера на својот сопруг и за загриженоста при презентирањето на својата прва колекција.

За Дејвид Бекам и неговото „пензионирање“: „Многу сме горди на Дејвид. Го поддржувавме во клубови низ целиот свет во изминативе 15 години гледавме како тој е инспирација не само за мене и децата, туку и за милиони луѓе. Сега сме навистина возбудени што ќе поминуваме повеќе време заедно како семејство.“

Викторија Бекам Викторија Бекам

За загриженоста за време на нејзината прва ревија: „Сите дојдоа и се однесуваа многу загадочно. Си помислував: Хм, дали на некого му се допадна? Никој не велеше ништо, па јас само им брборев за да ја исполнам засрамувачката тишина – дури и на Јапонците, кои не разбираа ниту збор од тоа што го велев.“

Викторија Бекам

„Зад сцената“ на снимањето на едиторијалот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19078 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.