Рис Витерспун ги отвори вратите на својот дом и ги покани камерите на „Вог“.
38-годишната актерка го прифати предизвикот да одговори на 73 прашања, додека го водеше новинарот на прошетка низ куќата во Лос Анџелес.
Витерспун е и ѕвездата од главниот едиторијал на октомвриското издание на модната библија.
Славната актерка, која во моментов го промовира филмот „Wild“, позираше во женствени креации од Долче и Габана, Питер Пилото, Каролина Ерера, Оскар де ла Рента и Версаче.