Мала армија музички ѕвезди вчера ја забавуваа публиката на Global Citizen Festival. Главната цел на концертот одржан во Њујорк е да се подигне јавната свест и да се помогне во собирањето на средства за ставање на крај на екстремната сиромаштија до 2030 година.
Билетите за концертот беа бесплатни, но присутните мораа да ги заслужат со вклучување во најразлични активности како волонтирање, потпишување на петиции и поддршка на кампањи за позитивни промени.
Џеј Зи беше еден од пејачите кои беа најавени дека ќе ја збогатат музичката програма. Неочекувано нему на сцената му се придружи и Бијонсе. Брачниот пар ја крена публиката на нозе, исполнувајќи ги заедно хитовите „Holy Grail“ и „Young Forever“.
Бијонсе се појави на настанот во црно-бела комбинација од Долче и Габана.
No Doubt ги изненади присутните кога го покани Стинг за заедничка изведба на „Message in a Bottle“.