Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО/ВИДЕО: Анџелина Џоли во чест на младата активистка Малала

ФОТО/ВИДЕО: Анџелина Џоли во чест на младата активистка Малала

Анџелина Џоли одржа емотивен говор на самитот Women in the World во Њујорк во чест на младата активистка Малала Јусафзаи, која за чудо преживеа откако беше застрелана во главата од Талибанците само затоа што се залагаше за школување на девојките во Пакистан.

Анџелина Џоли

37-годишната актерка ги потсети присутните на бруталниот напад врз храбрата 15-годишна девојка, која иако знаеше дека е опасно по живот, не замолчуваше борејќи се за правото на образование.

Џоли накратко раскажа како Малала уште од мали нозе го обожавала училиштето. Уште пред да биде доволно возрасна за да започне со своето образование, таа ги посетувала часовите на нејзиниот татко учител и внимателно ги слушала сите лекции. Кога имала само 11 години, Малала тајно ги испраќала своите дневници во BBC. Во дневниците таа пишувала за својата земја, за различни секојдневни нешта како тоа дека омилениот розов фустан може да ја стави во опасност бидејќи Талибанците не ги одобруваат силните бои.

Во говорот Џоли ја цитирала Малала која во дневниците пишувала: „Имам право да свирам, имам право да пеам, имам право да зборувам, имам право да одам до пазар, имам право да го искажам своето мислење. Нема да ми смета да седам на подот на училиштето, сè што сакам е образование и не се плашам од никого.“

Малала ЈусафзаиМалала Јусафзаи

Малала знаела дека нејзините дневници се опасни и се плашела дека еден ден ќе дојде некој да ја замолчи засекогаш. Но, била подготвена храбро да се исправи и да „им каже дека она што се обидуваат да го направат е погрешно и дека образованието е наше основно право.“

Таткото на Малала очекувал дека Талибанците ќе дојдат по него, но не и по неговото девојче. Минатата година Малала беше застрелана во главата и вратот во училиштен автобус додека се врќала од училиште. За среќа, обидот за убиство беше неуспешен и Малала беше префрлена во Англија каде доби соодветна медицинска помош.

Анџелина ЏолиАнџелина во фустан на Сен Лоран

За време на нејзиниот престој во болница, таткото на Малала ѝ кажал дека според направена анкета на весник, таа е шестата највлијателна личност во светот (Барак Обама бил на 7. место). Кога таткото ја запрашал дали се чувствува среќна поради тоа, таа одговорила: „Не. Сметам дека луѓето не треба да бидат категоризирани на таков начин.“

Анџелина објаснила дека Талибанците со обидот за убиство успеале само да ја направат Малала посилна, а нејзиниот глас помоќен отсекогаш.

По страшниот инцидент, била формирана Фондацијата Малала, која е раководена од самата Малала. „Ова е најсреќниот ден во мојот живот. Ако можеме да школуваме 40 девојки, можеме да школуваме 40 милиони девојки“ – рекла Малала преку видео порака.

Како поддршка, Анџелина Џоли донирала 200.000 долари во фондацијата на смелата девојка, која вети дека нема да престане да се залага за школување на девојките во Пакистан.

Говорот на Џоли:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19809 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.