За својата петта посета на кампот Затари, Анџелина Џоли ги поведе со себе ќерките Захара и Шајло.
Холивудската актерка отпатува во Јордан во улога на амбасадор на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) и одржа краток говор во кој ги повика политичарите да најдат трајно решение на кризата во Сирија, за да се стави крај на страдањето на сирискиот народ.
„Мојата порака до меѓународната заедница денес: Да, ве молам направете повеќе за да им помогнете на очајните сириски семејства и на земјите кои ги примија. Но, пред сè обезбедете ги лидерството и силата потребни за да се испреговара морален крај на оваа бесмислена војна - без да се жртвува достоинството и човековите права на сириските семејства. Тоа не подлежи на преговори.“
„Моите ќерки Захара и Шајло побараа да дојдат со мене денес. Тие разговараа и си играа со деца на нивна возраст кои беа принудени да ги напуштат нивните домови, чии роднини се убиени или исчезнати и се борат со траума и болест, но кои на крајот на денот се само деца, со исти надежи и права како децата од кога било друга нација“ - рече таа.
Кампот во Јордан е дом на околу 80.000 бегалци.