Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Анџелина Џоли со деца-бегалци во репортажа на CNN

ВИДЕО: Анџелина Џоли со деца-бегалци во репортажа на CNN

Анџелина Џоли го насочува вниманието на светската јавност кон сириските бегалци со нова репортажа на CNN.

Видеото било снимено за време на неодамнешната посета на Џоли на камп за бегалци во Либан. Во улога на амбасадор на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), познатата актерка разговара со 11-годишно девојче кое со своите браќа и сестра си избегало од Сирија откако била убиена нивната мајка.

Анџелина Џоли во Либан

„Во текот на денот не се сеќавам на многу нешта. Но навечер, пред да заспијам, се сеќавам на сѐ. Сонував дека мајка ми е жива, дека беше во Сирија. Дојде до мене и ми рече: Хала, Хала, разбуди се. Се разбудив, но не ја најдов тука. Заспав повторно, сакав да сонувам повторно, но не можев“ – раскажала Хала.

Мајката на Хала починала откако куќата во која живееле се срушила врз неа за време на бомбардирање. Хала и нејзиниот брат Камел биле во дворот кога се случила трагедијата. Траумата значително го влошила психичкото здравје на Камел.

На 11 години, Хала е принудена да се грижи за целото семејство. „Хала беше како секое друго дете, одеше на училиште, си играше, животот беше нормален. Сега таа се промени многу. Хала мора да се грижи за своите браќа и сестра си додека јас одам да барам ѓубре за да го продадам и да можам да купам храна... Сега 11-годишно девојче има одговорности кои ги има 50-годишна личност“ – вели братот на Хала.

Хала11-годишната Хала

„Тоа што ја изгубија нивната мајка на толку насилен начин и што станаа бегалци, ги принуди да пораснат предвреме. Нивното детство е изгубено во хоророт на овој конфликт“ – вели Џоли.

Анџелина Џоли во Либан Анџелина Џоли во Либан

Либан, најмалиот сосед на Сирија, досега има примено најголем број на бегалци. Моментално околу четвртина од населението во Либан се бегалци од конфликтот во Сирија, меѓу кои најмногубројни се жените и децата.

Вчера Џоли пристигна во Сараево, заедно со британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг, со цел да се сретне со жртвите на војната. „Тука сме за да се сретнеме со жртвите на војната во Босна, жените и мажите кои преживеале силување и кои носат голем товар. Користењето на силувањето како оружје на војната е една од големите неправди на нашето време. Предолго светот ги толерираше овие злодела и ги оставаше преживеаните да се мачат во сенки“ – изјавила Џоли.

Џоли пристигнува во Сараево со Вилијам ХејгЏоли пристигнува во Сараево со Вилијам Хејг Анџелина Џоли во Сараево

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19812 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.