Велат дека жените обожаваат да прават драстични промени во имиџот по прекин на долга врска. Можеби тоа не е правило за сите претставнички на понежниот пол, но очигледно е точно во случајот на Бритни Спирс, која неодамна ја раскина свршувачката со Џејсон Травик.
Популарната пејачка, која во текот на речиси целата кариера негуваше руса коса, изненади на хуманитарната забава на Елтон Џон со чоколадна боја на косата.
На фотографиите од настанот, 31-годишната ѕвезда изгледа особено привлечно во црн фустан со длабоко деколте на Мајкл Синко.
На забавата присуствувале голем број славни личности, а биле собрани 34 милиони долари за финансирање на борбата против ХИВ/СИДА.