Бритни Спирс го покажува своето тело на насловната страница на јунското издание на списанието Shape.
31-годишната пејачка позираше во секси бели бикини, а во интервјуто за списанието откри дека работи напорно за да ја одржи својата фигура.
„Вежбам јога по 90 минути двапати седмично и дополнително правам едночасовни кардио вежби трипати неделно со мојот тренер Тони Мартинез“ – открила русокосата поп-ѕвезда.
Бритни признала и дека држењето диета е тешко, бидејќи обожава да приготвува шпагети и колачиња.
За првпат Бритни ги потврди гласините дека започнува свое шоу во Лас Вегас, но дека тоа бара од неа да е во врвна форма. „Настапите во Вегас нема да се едноставни... огромна забава од почеток до крај. А за да го изведам тоа, морам да бидам во топ кондиција и да се движам со полна пареа“ – дополнила таа.
Познатата пејачка споделила и дека „I Wanna Dance With Somebody“ од Витни Хјустон и „Locked Out of Heaven“ од Бруно Марс се двете песни кои таа ужива да ги слуша за време на вежбањето.