Малиот принц Александар Ерик Хубертус Бертил од Шведска го прослави својот прв роденден. По тој повод, кралското семејство објави три нови фотографии од слаткото момче.
На едната фотографија, Александар позира со своите родители – принцот Карл Филип и принцезата Софија. 32-годишната принцеза моментално е бремена со второто дете.



Откако беше објавена веста дека избраничката на згодниот шведски принц е во блажена состојба, кралскиот пар присуствуваше на официјална вечера во палатата. Софија изгледаше гламурозно во црвен фустан покрај својот сакан.

Софија и Филип стапија во брак во јуни 2015 година.