И покрај тоа што е во поодмината бременост, Ирина Шајк сè уште се обидува да го прикрие трудничкото стомаче. 31-годишната Русинка беше фотографирана со своето семејство додека уживаше во релаксирана посета на Дизниленд.
На папараци фотографиите, славната манекенка е облечена во комплетно црн стајлинг, а на главата носи венче со ушите на Мини Маус. Таа е придружувана од својата сестра Татјана и нејзините две деца.

На фотографија на која е со внука си Ирина, која ѝ е имењачка, Шајк напиша: „Ири + Ири со Мики + Мини“.










Ирина го очекува првото дете со Бредли Купер, со кого е во врска две години.