Стилот на војвотката Кетрин константно е под лупа. Најчесто 33-годишната сопруга на принцот Вилијам носи скапи дизајнерски аутфити, но повремено избира облека со двоцифрена цена.
За време на својата посета на детски центар во југоисточен Лондон, Кетрин долови шик изглед со точкест фустан од ASOS кој чини 48 евра. Фустанот беше распродаден за неколку минути.
Се очекува Кетрин да се породи кон средината или крајот на април. Иако е во осмиот месец од бременоста, од одредени агли тешко е да се забележи дека таа е во блажена состојба.
Кетрин го посети центарот за подобро да се запознае со дејностите на „Home-Start“, хуманитарна организација којашто ги поддржува семејствата кои се соочуваат со изолација, ментални болести, тешка загуба, хендикеп и сл., за да им овозможат подобар живот на децата.
Претходно Кетрин и Вилијам ја посетија ирската гарда во Алдершот, Хемпшир, по повод Денот на Св. Патрик.