Луисана Лопилато блесна на канадската манифестација Juno Awards. Бремената актерка, кај нас позната по улогата на Миа Колучи во серијата „Млади бунтовници“, ги привлече сите погледи со црвена тоалета на дизајнерот Хорхе Ибанез.
Опсипена со љубов од нејзиниот сопруг Мајкл Бубле, 25-годишната Аргентинка со насмевка на лицето го покажа трудничкото стомаче.
Луисана присуствуваше на музичкиот настан за да го поддржи Мајкл кој влезе во улогата на водител.
Заљубениот пар во јануари соопшти дека го очекува своето прво дете. Неодамна Мајкл споделил дека со нетрпение чека да стане родител. „Едвај чекам да станам татко. Многу сум возбуден. Тоа е најдоброто нешто што ми се има случено“ – изјавил тој.
Мајкл и Луисана се запознаа во ноември 2008 година, кога познатиот пејач призна дека се заљубил на прв поглед. Една година подоцна тој ја побарал нејзината рака. Во март 2011 година тие стапија во брак.