Блејк Лајвли беше една од дамите кои зачекорија на сивиот тепих на хуманитарниот настан Golden Heart Awards, организиран од „God's Love We Deliver“, организација задолжена за доставување на оброци на лица кои се премногу болни за да купуваат намирници или да готват.
Бремената актерка со широка насмевка позираше пред фоторепортерите во романтична креација. Долгиот бежов фустан беше украсен со стотици минијатурни цветови кои асоцираат на расцутено дрво во пролет.
Дизајнер на креацијата е Мајкл Корс, кој гордо застана покрај ѕвездата од „Gossip Girl“.
За време на свечената вечера, Лајвли седеше до Ана Винтур. Главната уредничка на „Вог“ беше почесна гостинка и ја прими наградата „Мајкл Корс“.