Блејк Лајвли изгледаше феноменално на првото појавување на црвен тепих по раѓањето на четвртото дете.
Ѕвездата од „Gossip Girl“ беше почесна гостинка на галата на колеџот „Бернард“, а нејзиниот изглед наиде на лавина од комплименти.
Цветниот фустан од Каролина Ерера таа го надополни со портокалово-розов мантил додека ги заведуваше објективите на папараците.
Лајвли во февруари го роди нејзиното четврто дете со Рајан Рејнолдс. Славните актери се родители и на 8-годишната Џејмс, 6-годишната Инез и 3-годишната Бети.