Бред Пит и Анџелина Џоли присуствуваа на доделувањето на WSJ Innovator Awards.
40-годишната холивудска убавица мамеше погледи во црн долг фустан со висок шлиц и впечатлива панделка на грбот, додека 51-годишниот актер се појави во костум од Huntsman. Минималистичката креација која ја носеше Џоли е дело на Том Форд. За да го надополни својот изглед, таа избра 30-каратни дијамантски обетки од Лорејн Шварц.











На свеченоста која се одржа во Музејот за модерна уметност во Њујорк, талентираните актери се забавуваа во друштво на Роберт Де Ниро.





