Бред Пит со синот Нокс беше во публиката на трка со мотори во Англија. 51-годишниот актер и неговиот 7-годишен син фокусирано ја следеа адреналинската трка.
На фотографиите, малиот Нокс носи слушалки за да се заштити од силниот звук на брзите мотори. Сличноста помеѓу познатите татко и син поттикна бројни коментари.





По завршувањето на трката, познатиот сопруг на Анџелина Џоли и нивниот син се фотографираа со првопласираниот Валентино Роси и му честитаа за победата.



Пит го позајми својот глас за документарниот филм за шесте најбрзи мотоциклисти во светот „Hitting the Apex“, кој ќе започне да се прикажува во киносалите на 2 септември.


