Кончита Вурст им се придружи на холивудските ѕвезди на црвениот тепих пред почетокот на манифестацијата „Златен глобус 2015“.
26-годишната австриска музичка ѕвезда, чие вистинско име е Томас Том Нојвирт, парадираше во темно зелен фустан со бежов корсет.
Кончита се стекна со светска слава по победата на Евровизија и со својот несекојдневен изглед го привлече вниманието на модните дизајнери. Освен што позираше пред Карл Лагерфелд за списанието „CR Fashion Book“, минатата година дефилираше на ревија на Жан Пол Готје.