Кончита Вурст ѝ ја донесе евровизиската победа на Австрија. 25-годишната музичка ѕвезда која привлече огромно внимание со својот изглед, ја освои публиката и со 290 поени застана на врвот на конечната листа на европското музичко натпреварување.
Кончита, чие вистинско име е Томас Том Нојвирт, на големата сцена во Копенхаген настапи со „Rise Like a Phoenix“.
„Јас сум само пејач во прекрасен фустан, со прекрасна коса и брада“ – изјави Вурст пред големото финале.
Погледнете го настапот на Кончита:
Македонски претставник на Евровизија оваа година беше Тијана Дапчевиќ, но таа не успеа да се пласира во финалето.