Блејк Лајвли дефинитивно поседува труднички сјај. 27-годишната актерка блескаше на прославата „Woman of Worth“ во Њујорк.
На настанот посветен на 10 неверојатни жени кои го менуваат светот, Лајвли се појави во црн елегантен фустан со гол грб. Креацијата максимално ги оцрта нејзините труднички облини.
Свеченоста им беше посветена на припаднички на понежниот пол кои го подобруваат светот, како 19-годишната Британи Венгер која создаде програма која може да препознае рак со точност од 99,1% и како Џени Вилијамс која води центар за згрижување на деца спасени од сексуална експлоатација.
Настанот е организиран од L'Oréal Paris, а на него присуствуваше и Ева Лонгорија, која како и Лајвли е амбасадорка на козметичкиот гигант.