Блејк Лајвли е неуморна во бременоста кога станува збор за добротворни активности. 27-годишната актерка присуствуваше на хуманитарниот настан Angel Ball, организиран од Gabrielle’s Angel Foundation.
За свеченоста Лајвли избра млечно жолта креација од Гучи со длабоко деколте. Тесниот долг фустан максимално го истакна заобленото стомаче на бремената филмска ѕвезда.
До Блејк гордо позираше нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, кој исто така избра одело од италијанската модна куќа Гучи.
Лајвли не беше единствената трудница која мамеше разнежени насмевки. На настанот присуствуваше и настапи бремената Алиша Кис.