Бијонсе сè почесто им дава можност на фановите да ѕирнат зад завесите на нејзиниот приватен живот. 31-годишната музичка ѕвезда сподели семејни фотографии од краткиот одмор во Мајами.
На фотографиите Бијонсе се забавува со едногодишната ќеркичка Блу Ајви. Заедно со музичката дива на егзотичната дестинација биле и нејзината мајка Тина, како и нејзината сестра Соланж со синчето Даниел.
На повеќето од фотографиите Бијонсе го крие лицето на малата Блу Ајви, која изгледа слатко додека добива внимание од мајка си.
Албумот на Бијонсе може да биде надополнет од фотографиите на папараците кои будно го следат секој нејзин чекор: