Бијонсе, Џеј Зи и Блу Ајви се на европско патување. Славната пејачка ги користи паузите помеѓу концертите во рамките на светската турнеја „Formation“ за уживање со семејството.
На својот сајт, 34-годишната музичка ѕвезда сподели фотографии од посетата на Париз и Езерото Комо во Италија.
На дел од фотографиите, Бијонсе и Блу Ајви се облечени во складни креации на Гучи и се забавуваат, позирајќи на тераса со поглед кон Ајфеловата кула.
Славното семејство го посети и идиличното Езеро Комо, кое редовно привлекува имотни туристи.