Бијонсе моментално го промовира филмот „Renaissance“, направен за нејзината последна концертна турнеја.
На премирата во Лондон, 42-годишната пејачка беше придружувана од сопругот Џеј Зи и ќерката Блу Ајви.
Музичката ѕвезда и 11-годишната ќерка позираа заедно за фоторепортерите. И двете беа облечени во црни креации.
На видео направено од присутните новинари, Бијонсе застанува покрај дотераната девојка и ја прегрнува и бакнува на главата.
Видеа:
Beyoncé e Blue Ivy posando para os paparazzi! #RENAISSANCEpremiere pic.twitter.com/TlR5FXDck6
— Beyoncé Access (@beyonceaccess) November 30, 2023
BLUE IVY#RENAISSANCEpremierepic.twitter.com/QTIOxXDgHD
— Beyoncé Access (@beyonceaccess) November 30, 2023
Бијонсе носеше креација од високата мода на Thom Browne.
Блу Ајви ја придружуваше мајка си на многу концерти, танцувајќи со неа на сцената.
Славното семејство беше фотографирано и кога си заминуваше од забавата по премиерата.