Уште во првите денови по раѓањето, Блу Ајви стана дел од песна на својот татко, а сега веќе има и песна со својата мајка. Песната „Blue“ е во изведба на Бијонсе, но на крајот се слуша и малото девојче.
Спотот за песната бил снимен во Бразил. Видеото го прикажува секојдневието на Бразилците, но содржи и приватни моменти на Бијонсе со ќеркичката Блу Ајви.
„Blue“ е дел од новиот албум на 32-годишната пејачка, насловен „Beyoncé“, кој без најава беше објавен заедно со 17 музички спота. За помалку од еден ден биле продадени околу 450.000 примерока.