Бијонсе ја краси насловната страница на најновото издание на „CR Fashion Book“, списанието за стил на поранешната главна уредничка на „Вог“ Париз, Карин Ројтфелд.
За модниот едиторијал, 32-годишната пејачка позираше во креации од модни куќи како Живанши, Прада и Сен Лоран и модни додатоци од Лорејн Шварц, Хари Винстон и Маноло Бланик.
Фотосесијата се одвивала под палката на Рикардо Тиши, креативниот директор на Живанши.