Бијонсе и Џеј-Зи ја прославија петтата годишнина од бракот со патување низ Куба. Славниот пар привлекол околу себе огромен број фанови во Хавана, па дури и била повикана полиција за им обезбеди дополнителна заштита и да ги придружи од ресторанот во кој вечерале до автомобилот.
31-годишната пејачка покажала нова фризура со плетенки додека љубопитно го разгледувала градот и љубезно се фотографирала со помладите жители.
За време на прошетката Бијонсе носеше креација со тропски принт од ресорт колекцијата на Thakoon Addition.
Заедно со Бијонсе и Џеј-Зи патуваат и нивните мајки, Тина Ноулс и Глорија Картер.