Бијонсе и Џеј-Зи буквално ја кренаа публиката на нозе во Бруклин со заеднички настап. 31-годишната пејачка прво настапи со песната „Diva“, а потоа нејзиниот сопруг ѝ се придружи за да го исполнат хитот „Crazy in Love“.
Над 20.000 лица го запеаја рефренот на „Young Forever“ заедно со најпознатиот музички пар. Со таа нумера и со бакнеж меѓу двете ѕвезди заврши големиот концерт.