По илјадници лажни вести и гласини за породувањето на Бијонсе, конечно може да се каже дека најверојатно на свет дојде првото дете на популарната пејачка и нејзиниот сопруг
Неколку различни извори потврдиле за E! Online дека синоќа Бијонсе родила девојче со помош на царски рез.
Иако сè уште нема официјална изјава од среќните родители, нивните пријатели започнаа со честитки на друштвените мрежи. „Добредојде на свет принцезо Картер! Те сака тета Ри“ – напиша Ријана на Twitter.
„Честитки за моите добри пријатели Бијонсе и Џеј-Зи“ – напишал Расел Симонс.
Според информациите од странските медиуми, бебето го добило името Блу Ајви Картер.
Блу Ајви била родена во болницата „Ленокс Хил“ во Њујорк, каде што Бијонсе и Џеј-Зи изнајмиле цел кат за 1,3 милиони долари.