Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џеј-Зи: „Го застрелав брат ми кога имав 12 години“

Џеј-Зи: „Го застрелав брат ми кога имав 12 години“

Во интервју за британскиот весник Guardian, познатиот рапер Џеј-Зи раскажал за мрачните моменти што ги доживеал кога на 12-годишна возраст го застрелал својот брат.

Тој признал дека го застрелал својот повозрасен брат Ерик во рамото затоа што му украл прстен.

Џеј-Зи и БијонсеЏеј-Зи и неговата сопруга Бијонсе

Иако бил многу мал, Џеј-Зи лесно пронашол пиштол бидејќи во соседството каде што растел имало пиштоли насекаде. „Отидов во нечиј дом, нечија куќа и зедов. Пиштоли имаше насекаде. Не беше потребно да одиш далеку за да најдеш“ – раскажал 40-годишниот рапер.

„Мислев дека животот ми заврши. Мислев дека ќе одам во затвор засекогаш... Беше ужасно. Бев уште дете, бев преплашен“ – изјавил тој за пукањето.

Ерик, кој во тој период бил зависник од дрога, не поднел пријава, а кога Џеј-Зи го посетил в болница тој дури и му се извинил поради тоа што дрогата го претворила во нешто што не е.

Џеј-Зи има пишувано за инцидентот во неговата песна „You Must Love Me“, опишувајќи го настанот преку стиховите „Saw the devil in your eyes, high off more than weed, confused, I just closed my young eyes and squeezed, what a sound, opened my eyes just in time to see ya stumbling to the ground “. Но, сега за прв пат јавно зборуваше за страшниот инцидент од неговото детство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19870 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.