Како една од највлијателните личности во светот, Бил Гејтс присуствуваше на галата „Time 100“ која се одржа во Линколн Центарот во Њујорк.
66-годишниот коосновач на Microsoft зачекори на црвениот тепих заедно со најмалата ќерка Фиби.
19-годишната девојка носеше блескав фустан од колекцијата „Fendace“, која е соработка на модните куќи Fendi и Versace.
Фиби е најмалото дете на Бил и Мелида, кои се разделија минатата година по 27 години брачен живот.