Бил и Мелинда Гејтс неочекувано се разделија. Парот објави дека се разведува по 27 години брачен живот.
65-годишниот милијардер и коосновач на Microsoft ја објави веста на Twitter. Во заедничкото соопштение за јавноста на двојката се вели:
„По долго размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да ставиме крај на нашиот брак. Во изминатите 27 години, израснавме три неверојатни деца и изградивме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на сите луѓе да водат здрави, продуктивни животи.“
„Продолжуваме да веруваме во таа мисија и ќе продолжиме да работиме заедно во фондацијата, но повеќе не веруваме дека можеме да растеме заедно како пар во оваа следна фаза од нашите животи.“
— Bill Gates (@BillGates) May 3, 2021
Бил и Мелинда се венчаа на 1 јануари 1994 година и имаат три деца – 25-годишната Џенифер Катарин, 21-годишниот Рори Џон и 18-годишната Фиби Адел. Тие ја основаа „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс“ во 2000 година.