Џенифер Гејтс заплива во брачните води. Ќерката на Бил и Мелинда се омажи изминатата сабота за Најел Насар.
Церемонијата и прославите се одржаа на имотот на парот во Вестчестер, северно од Њујорк.
Невестата изгледаше префинето во две венчаници изработени специјално за неа од Вера Ванг. „Вера и целиот нејзин тим беа прекрасни за соработка и го донесоа во реалноста мојот фустан од соништата“ – изјави среќната невеста за „Вог“.
Бил и Мелинда, кои пред 5 месеци соопштија дека се разведуваат по 27 години брачен живот, ја испратија нивната најстара ќерка до олтарот.
Џенифер и Најел со најблиските славеле под голем шатор. Поради пандемијата, сите гости биле вакцинирани и биле тестирани непосредно пред свадбата.
За организирањето на свадбата, која се проценува дека чинела 2 милиони долари, Џенифер вели: „Еден важен совет кој ни го дадоа беше да запомниме дека овој ден е за нас и за нашата љубов. Сметам дека тоа ни остана во центарот на мислите додека планиравме и исто така, се потрудивме нашите семејства и пријатели да уживаат“.
Џенифер и Најел ги спои љубовта кон коњите и јавањето и извесно време тие се натпреваруваа низ целиот свет. Додека Најел сè уште е посветен на јавањето, неговата 25-годишната избраничка моментално е фокусирана на студиите по медицина.
Парот се вери во јануари минатата година.