Анџелина Џоли беше „уловена“ од папараците со три од своите деца на аеродром во Лос Анџелес. 40-годишната актерка беше фотографирана рака за рака со своите ќерки две ќерки, 9-годишната Шајло и 11-годишната Захара, и 12-годишниот Пакс.
Џоли пристигна во Лос Анџелес по кратката посета на својот сопруг во Лондон, кој во моментов го снима продолжението од филмот „World War Z“.
Познатата актерка пред неколку дена беше фотографирана во Камбоџа на снимањето на својот најнов филм „First They Killed My Father: A Daughter of Cambodia Remembers“.